Иран го насамари Трамп, „пукаше во празно“

Од:

Високи ирански извори за Ројтерс изјавија дека поголемиот дел од високо збогатениот ураниум на локацијата во Фордо бил отстранет пред нападот на САД.

Ројтерс, исто така, објави дека бројот на персонал во подземниот објект во Фордо е намален на минимум, а претходно, пред неколку дена, во областа на овој нуклеарен објект биле видени камиони, кои веројатно го ваделе ураниумот.

Фордо е еден од најважните ирански објекти за збогатување ураниум што го нападнаа САД, заедно со Натанц.

Американскиот претседател Доналд Трамп изнесе тврдења дека тие целосно ги уништиле тие објекти за збогатување ураниум, но нема потврда дека тоа всушност се случило. Иранските власти дури тврдат дека објектите претрпеле само површинска штета.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека досега не е забележано зголемување на нивото на зрачење надвор од целните локации.

Иранските власти го информираа своето население за истото, уверувајќи ги дека нема опасност по нивното здравје. Реза Кардан, заменик-директор на Организацијата за атомска енергија на Иран, изјави дека „не е забележана никаква трага од радиоактивна контаминација надвор од нападнатите локации“.

Тој, исто така, истакнува дека однапред се направени планови и преземени мерки за заштита на граѓаните во случај на американски напад.

„И покрај криминалниот чин на утринскиот напад врз нуклеарните постројки, благодарение на тие мерки, не е регистрирана никаква контаминација“, изјави Кардан за иранската новинска агенција ИРНА.

Би можело да ве интересира

Трамп: Иран сака договор со САД, одлуката е на Вашингтон

Телеграф: Хутите се подготвуваат да го блокираат Баб ел Мандеб, Иран сака ситуација како во Хормуз

Иран: Нема да го почитуваме договорот со САД ако немаме корист од него

САД со остра порака до Иран: „Склучете договор или нема да ви остане ништо“

Иран ја ослободи Американката која беше држена во земјата од 2024 година

САД го бомбардираа градот Ахваз, ударните бранови сериозно ја оштетија Детската онколошка болница

Горан Наумовски