Иран ги обвинува НАТО и европските земји за соучество во нападите меѓу САД и Израел

Од:

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес ги обвини НАТО и некои европски земји за соучество во американско-израелските воени операции против Иран, критикувајќи ги изјавите на генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.

Багеи на социјалната мрежа X изјави дека коментарите на Руте се признание за „намерното соучество на Европа во американско-израелската војна и агресија против Иран“, и оцени дека европските држави не биле непристрасни за време на конфликтот.

Според него, земјите што овозможиле користење на нивната територија, воени бази и инфраструктура за спроведување воени операции не можат да избегнат одговорност за, како што изјави, „неиспровоцираната агресија и нејзините тешки последици“.

Реакција на Техеран следеше откако Руте во среда ги поддржа најновите напади на САД врз Иран, оценувајќи дека тие биле „апсолутно неопходни“.

Генералниот секретар на НАТО претходно изјави дека членовите на Алијансата им обезбедиле логистичка поддршка на Соединетите Американски Држави за време на конфликтот, наведувајќи дека во првите шест недели од војната, помеѓу 4.000 и 5.000 американски авиони полетале од базите во Европа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Што остана од клучниот саудиски нафтовод

ВИДЕО: Нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на Блискиот Исток

Погоден ирански танкер во Ормускиот теснец, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Бин Салман двапати го повика Трамп: САД да ги нападнат Хутите

(ВИДЕО) САД истрелаа над 60 ракети „Патриот“ за одбрана од ирански напад во Јордан

Драма кај Оман: Проектили погодија два брода, еден се запали