Интерпол заплени фалсификувани лекови во вредност од 31 милион евра

Од:

Интерпол денеска соопшти дека полицијата запленила речиси 10 милиони парчиња лажни лекови во вредност од 31 милион евра во операција извршена во 99 земји, а траела една недела. 


– Количеството на запленетиот материјал е поголемо од 100 отсто од конфискуваниот во претходната операција извршена лани, изјави претставничката на Интерпол, Алин Планкан од одделот за спречување измами во областа на фармацевтските производи.


За време на операцијата, која почна на 18 јуни, затворени се повеќе од 9.000 интернет сајтови кои продавале фалсификувани лекови, а уапсени се 58 луѓе.


Според податоците на Светската здравствена организација, повеќе од 59 отсто од лековите купени преку интернет биле лажни.


Меѓу запленетата стока имало лекови кои содржат активни супстанци одобрени за употреба само под строг надзор на лекар или активни супстанци кои се повлечени од листата на одобрени супстанци поради тоа што се штетни по здравје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата на три европски земји бара помош за идентификација на 22 жени

Уапсен убиец поврзан со Ндрангета, беше во бегство 16 години, последните три бил пица мајстор

Катерина Ѓуровски

Во акција на МВР и Интерпол одземени се 10 возила и еден мотоцикл

Горан Наумовски

Уапсен косовец баран со меѓународна потерница од Интерпол

Отпочната е постапка за екстрадиција на хрватскиот државјанин Даниел Иванагиќ

Горан Наумовски

Францускиот суд покрена истрага против претседателот на Интерпол

Ана Ололовска