Интерпол упаси Нигериец осомничен за кибер кражби на 60 милиони долари

Од:

Меѓунаордната полициска агенција Интерпол соопшти дека привела еден Нигериец, осомничен за кражба на 60 милиони долари преку интернет измами.

Во соопштението се посочува дека 40-годишниот Нигериец, чиј идентитет не е соопштен, само од една компанија со измама присвоил 15,4 милиони долари.  

Покрај Нигериецот, приведен е уште еден негов соработник, на возраст од 38 години.

Двајцата осомничени интернет измамници биле упасени во градот Порт Харкорт, кој важи за центар на нигериската нафтена индустрија. 

Првоосомничениот се товари дека раководел со криминална мрежа во која биле вклучени околу 40 лица од Нигерија, Малезија и Јужна Африка, кои уапаѓале во компјутерските системи на мали и средни компании ширум целиот свет.

Меѓу компаниите кои биле цел на грабеж на измамниците има фирми од Австралија, Јужна Африка, Канада, Малезија, Романија, САД, и Тајланд. 

Би можело да ве интересира

Интерпол активираше жолта потерница за Данка Илиќ

Катерина Ѓуровски

МВР уапси бегалец баран од Интерпол

Косовец уапсен во Македонија: Интерпол го барал за убиство во Еквадор

(ВИДЕО) Палевски бил уапсен додека се движел пешки по автопат, а најмил такси за да лажира дека оди за Истанбул

Орце Костов

(ВИДЕО) Не се чекаат 48 часа за потрага: Како тече постапката за пријавување исчезнати малолетници во Македонија?

Александар Тодески

Интерпол распиша меѓународна потерница за Вања: МВР формира специјален штаб, потрагата трае

Орце Костов