ИД се повлече од палестинскиот логор „Јармук“

Од:

Најголемиот дел од припадниците на џихадистичката група Исламска држава се повлекоа од палестинскиот бегалски логор „Јармук“, што се наоѓа во близина на сирискиот главен град Дамаск, соопшти денеска палестински официјален претставник Абдул Хади.

Тој нагласи дека по повлекувањето на ИД, во „Јармук“ како главна воена сила останале припадниците на огранокот на Ал Каеда во Сирија, Фронтот Ал Нусра.

– Тие (ИД) и Ал Нусра се исти. Тие само ги менуваат позициите, нагласи Хади.

Западните медиуми јавија дека стотина борци на ИД се повлекле во местото Наџар ал-Асвад, близу „Јармук“, од каде на почеткот на месецов го нападнаа палестинскиот камп. Според истите извори, џихадиситте го напуштиле кампот откако ги поразиле припадниците на групата Акнаф ал Макдис, која е поврзана со палестинското исламистичко движење Хамас.

Со освојувањето на кампот, припадниците на ИД се најдоа само на неколку километри од Дамаск и од резиденцијата на сирискиот претседтаел Башар Ал Асад, што беше протолкувано како подготовка на групата за освојување на главниот град на Сирија.

До започнувањето на војната во Сирија во кампот „Јармук“ живееја околу 160.000 палестински бегалци, но голем број од нив го напуштија логорот особено по започнувањето на нападите на ИД.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени