Хонгконг: Маж избоде две лица, а на политичар му одгриза уво

Од:

Полицијата во Хонг Кон уапси 48-годишен маж, кој за време на протест, со нож повреди две лица, а на локален политичар му одгриза дел од увото.

Приведени се и двајца мажи, кои го нападнале потоа.

Претставникот на хонкошката полиција Џон Це рече дека синоќа мажот нанел убодни рани на една двојка пред трговски центар после расправија со нив, а потоа гризнал локален политичар. Тој појасни дека неименуваниот маж потоа бил претепан од бесната маса, а во тепачката биле повредени и двајца помлади мажи.

Полицијата прецизира дека во инцидентот се повредени пет лица, од кои двајца се во тешка здравствена состојба.

Би можело да ве интересира

Се подаруваат 500.000 авионски карти

Статуата посветена на жртвите на плоштадот Тјенанмен е отстранета од Универзитетот во Хонгконг

Први парламентарни избори во Хонгконг

Хонкгонг: Одбележана годишнината од ланските судири со полицијата

Жарко Настоски

О’Брајан: САД ќе воведат санкции за Кина доколку го примени законот за Хонгконг

Ландов

Новогодишни протести во Хонгконг