Хан: ЕУ подготвена за Брегзит

Од:

Преговарачкиот тим на ЕУ е подготвен за разговорите за излез на Велика Британија и се надева дека ќе се реализира договорената временска рамка за преговорите, кои треба да почнат на 19 јуни, изјави денеска европскиот комесар за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

– На Британија е да формира Влада и се надеваме дека тоа ќе се случи наскоро. Резултатите најверојатно нема да ги поедностават работите, но од наша страна, подготовките се направени. Господинот Мишел Барније е подготвен со својот тим, рече Хан на прес-конференцијата.

Според неговите зборови, ЕУ е многу заинтересирана за добар исход и сака да се придржува на предвидената временска рамка за разговори.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов