Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел-тврдат палестински извори

Од:

Исламистичката организација Хамас која управува со појасот Газа, понуди запирање на ракетните напади врз израелската територија, доколку Израел ги запре своите воздушни напади, јавуваат британските медиуми, повикувајќи се на палестински извори. Неидентификуван палестински извор во Ерусалим, близок до Хамас открил дека високи функционери на египетското разузнавање, посредуваат за можен прекин на огнот, откако во изминатите неколку денови дојде до ескалација на непријателствата.

Израелските власти тврдат дека од Газа продлжуваат ракетирањата и гранатирањата на јужните делови на Израел, без да предизвикаат штета, или било кого да повредат. Откритието за преговорите што се водат во сенка, околу прекин на огнот меѓу Хамас и Израелците, доаѓа во време на висока напнатост и силни тензии во реонот на Источен Ерусалим, пред планираниот погреб на убиениот палестински тинејџер.

Два дена траат судирањата меѓу маскирани палестнски демонстранти и израелските сили за безбедност,околу киднапирањето и убиството на еден 17 годишен Палестинец.

Израелската полиција отвори истрага за убиството, за кое не се знаат мотивите. Во Ерусалим се верува дека станува збор за одмазда за тројцата киднапирани, па потоа убиени израелски тинејџери на Западниот Брег.

Израелските власти го ограничија движењето кон џамјата Ал Акса, за денешната петочна молитва, стравувајќи од избувнувањето на нови насилства.

Претставник на израелската војска изјави дека и денеска била ракетирана територијата на јужен Изаел, но дека ракетите биле успешно пресретнувани од одбранбениот ракетен систем на израелската војска кој не дозволува тие да паднат во населени места.

Извори на Хамас ја потврдија веста за „интензивните преговори“ меѓу претставници на оваа милитантна организација и египетските разузнавачки функционери.

Преставник на израелските сили за безбедност на тоа реагираше со изјава дека „топката е во дворот на Хамас“.

– Ние ги известивме (во Хамас) дека на смирувањето ќе се одговори со смирување и тие знаат што тоа значи, рече овој израелски претставник.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Вашингтон му нуди на Израел разузнавачки информации за лидерите на Хамас во замена за откажување од нападите врз Рафах

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски