Вашингтон му нуди на Израел разузнавачки информации за лидерите на Хамас во замена за откажување од нападите врз Рафах

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, со намера што поскоро да спречи целосна израелска офанзива во Рафах, на властите во Тел Авив им нуди разузнавачки информации за лидерите на Хамас. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети влез на израелски трупи во Рафах со употреба на „екстремни сили“, додека во Вашингтон сакаат тоа да биде операција со јасно дефинирана цел, а притоа да се избегнат цивилни жртви.

Затоа, САД му нудат на Израел разузнавачки информации кои ќе помогнат да се лоцираат лидерите на Хамас, како и да се најдат скриени подземни тунели во кои тие се кријат. Ова го изјавиле четворица извори запознаени со понудата која била испратена до израелските власти.

Во исто време, САД му понудија на Израел помош во обезбедувањето илјадници шатори за изградба на цели населби со храна, вода и медицински услуги, со цел Палестинците евакуирани од Рафах да имаат соодветни услови за живот.

Изворите, кои сакаа да останат анонимни, рекоа дека американскиот претседател Бајден и неговите високи соработници ги даваат овие понуди во последниве недели во обид да ја ограничат најавената израелска воена акција против градот, во кој живеат повеќе од 1,3 милиони Палестинци од кои повеќето се бегалци од други делови на Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се смирија палестинските фракции, Хамас и Фатах потпишаа договор

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел нареди евакуација од хуманитарната зона

Газа: Бебе е спасено од стомакот на трудница убиена во израелски напад

САД ја критикуваа позицијата на МСП за израелската окупација на палестинските територии

Израел уби десетици Палестинци, меѓу нив еден локален новинар, неговата сопруга и децата

Израелската армија објави дека убила голем број членови на Хамас во Рафах