(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

Од:

Илјадници Израелци излегоа синоќа на улиците барајќи владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да направи повеќе за да обезбеди ослободување на заложниците кои ги држеше исламистичката група Хамас во Појасот Газа.

Како што пренесува Ројтерс, членовите на семејствата на заложниците носеле слики од нивните најблиски кои се уште се во заробеништво и се приклучиле на толпата што протестира во Тел Авив.

Една од нив беше Наама Вајнберг, чиј братучед Итаи Свирски беше киднапиран за време на нападот на Хамас врз израелските градови на 7 октомври и, според израелските власти, бил убиен во заробеништво. Во говорот таа се осврна на видеото кое Хамас го објави вчера, тврдејќи дека уште еден од израелските затвореници починал.

„Наскоро дури и оние кои успеаја да преживеат толку долго нема да бидат меѓу живите. Тие мора да се спасат сега“, рече Вајнберг.

„Апсолутно е јасно дека израелската влада е целосно идеолошки банкротирана. Тие немаат поим што прават. Јасно е дека не се обидуваат да спасат ниту еден заложник или да ја прекинат војната. Владата всушност е предводена од најекстремниот фундаменталист , чија идеологија нема никаква врска со демократските идеали.

Како што одминуваше вечерта, некои демонстранти го блокираа главниот автопат во градот пред полицијата да ги растера со водени топови, а некои директно се судрија со полицијата. Уапсени се најмалку три лица.

Би можело да ве интересира

Видео од куќата на Нетанјаху објавено по напад со беспилотно летало, не се знае како затаи одбраната

(ВИДЕО) Израелците го нападнаа либанскиот град Тир

Најмалку 16 загинати во нов израелски напад во Газа

Горан Наумовски

Израел потврди: Го убивме новиот лидер на Хезболах

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Израел: Хезболах крие 500 милиони долари во бункер под болница, нема да ја гаѓаме

Катерина Ѓуровски

Два израелски напади на Бејрут, четири лица загинаа во нападот на Набатија