Хаити побара официјално објаснување за изјавата на Трамп

Од:

Владата на Хаити синоќа официјално го повика американскиот амбасадор во земјата да објасни зошто претседателот Доналд Трамп ги нарекол шутрачки земји Хаити, Ел Салвадор и некои африкански земји.

Амбасадата на Хаити во Вашингтон соопшти дека добила повици од Американци во Хаити кои бараат извинување од Трамп. Амбасадорот на Хаити во САД, Пол Алдидор, рече дека тој и владата на Хаити жестоко ги осудуваат вулгарните забелешки направени за време на преговорите за реформата за имиграцијата со двопартиска група на американски сенатори. Алдидор рече дека зборовите на Трамп биле напад и врз основата на стереотипи.

Американскиот претседател за време на состанокот со членовите од Конгресот го загуби трпението за време на расправата за двостраниот договор за имиграција и прашал зошто во САД им доаѓале луѓе од шутрачки земји, мислејќи на Хаити, Ел Салвадор и некои други африкански земји.

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Трамп: Многу од заложниците што ги чекаме не се меѓу живите

Трамп: Ники Хејли би можела да биде во мојот тим

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје