Гутереш: Време е за сериозен разговор за завршување на осумгодишната војна во Сирија

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антониот Гутереш денеска оцени дека турската офанзива и моменталното примирје во североисточна Сирија покажуваат дека е дојдено време за сериозни разговори за завршување на осумгодишната војна во оваа земја.

Пред новинарите во Њујорк тој изјави дека политичкиот процес „сега е позначаен од било кога претходно“.

Гутереш додаде дека ОН „сега се целосно уверени“ дека комитетот за изработка на предлог Уставот на Сирија, чиј прв состанок е закажан за следната недела во Женева, ќе почне со работа и „прв чекор ќе му биде изнаоѓањето политичко решение“.

-Се надеваме, рече тој, дека тоа „ќе води кон затворање на ова трагично поглавје во животот на жителите на Сирија“.

Турција почна офанзива на североистокот на Сирија против сириските Курди, кои ги смета за терористи, а кои се главни сојузници на САД во борбата со Исламска држава, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече американските војници од таа зона.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град