Гутереш: Признавањето на сепаратистичките територии е повреда на украинскиот суверенитет

Од:

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, вечерва изјави дека одлуката на Русија да ја признае независноста на украинските сепаратистички територии Доњецк и Луганск ја смета за „кршење на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“.

Тоа е „некомпатибилно со принципите на Повелбата на ОН“, додаде генералниот секретар на ОН во својата првична реакција.

„ОН, во согласност со резолуцијата на Генералното собрание, продолжуваат целосно да го поддржуваат суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници“, додаде Гутереш.

Генералното собрание на ОН треба в среда да го одржи својот годишен состанок за „привремената окупација“ на Украина по руската анексија на Крим во 2014 година.

Генералниот секретар во својата реакција „ги повика сите засегнати страни да ги фокусираат своите напори на итен прекин на непријателствата“ и на „заштита на цивилите и цивилната инфраструктура“, истакнувајќи дека дипломатијата е клучна за решавање на кризата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев