Грибаускаите: Русија практично е во војна со Украина и ЕУ

Од:

Русија се наоѓа во војна со Украина, а практично и со Европа, оцени денеска претседателката на Литванија, Далија Грибаускаите, повикувајќи ја Европа воено да го опреми Киев.

-Факт е дека Русија се наоѓа во состојба на војна против Украина. Тоа значи дека таа е во состојба на војна и против државата која сака тесна интеграција со Европската унија.

Русија практично е во состојба на војна против Европа, им кажа претседателката на Литванија на новинарите во Брисел по доаѓањето на самитот на ЕУ.

-Тоа значи дека ние треба да и помогнеме на Украина…да ја одбрани својата територија и својот народ, да и помогнеме воено, посебно со воен материјал за да се одбрани, бидејќи таа сега води војна во име на цела Европа, рече Грибаускаите, пренесуваат британските медиуми. 

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје