Германскиот шеф на дипломатијата: Премногу е ризично да се притиска Иран

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, предупреди денеска во Њујорк дека преголем притисок кон Иран може да го наведе Техеран да продолжи со воената нуклеарна програма и да го дестабилизира Блискиот исток.

Мас на маргините на заседанието на Генералното собрание на ОН изјави дека три земји членки на ЕУ, Русија и Кина минатата ноќ се договориле да се обидат да го одржат нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, и покрај повлекувањето на САД од тој договор.

– Голема едногласност владее меѓу релевантни страни дека сакаме да го одржиме тој договор на сила и да ги ублажиме последиците од американските санкции, изјави германскиот министер, додавајќи дека тоа го опфаќа олеснувањето на плаќање на иранскиот извоз.

Мас истакна дека Германија е загрижена дека „под најголем можен притисок, Иран еден ден може повторно да продолжи со воената нуклеарна програма“.

-Ние тоа не сакаме, бидејќи тоа ќе го запали целиот регион, заклучи германскиот министер.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран