(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Од:

Командантот на иранската армија Сиавош Михандуст денеска соопшти дека во Исфахан при нападот од претходната ноќ не била причинета штета.

– Бучавата што се слушна во текот на ноќта во Исфахан беше предизвикана од противвоздушни одбранбени системи кои цели на „сомнителен објект“ – изјави Михандуст, а пренесува Тајмс оф Израел.

Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за нападот.

Тие објавија видео на кое се гледа како еден од новинарите стои на врвот на зграда во центарот на Исфахан, велејќи дека градот е безбеден и дека луѓето нормално си живеат.

– Пред неколку часа се слушнаа звуци на небото. Како што дознаваме, неколку помали дронови летале над Исфахан. Засега надлежните не ни дадоа никакви информации. Некои медиуми пишуваа дека целта била нуклеарната централа во Исфахан, но според нашите информации таа вест е лажна и ниедно место не било мета, се вели во извештајот на известувачот.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху им порача на Иранците: Еден ден вашата земја ќе биде слободна

Израел се подготвува за нов напад во Иран

Горан Наумовски

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он