Германија: Опозициските конзервативци против целосно запирање на увоз на енергенси од Русија

Од:

Германските опозициски демохристијани (ЦДУ) се против целосно блокирање на увозот на руски гас и нафта и за задржување на културните врски со земјата, и покрај војната во Украина, соопшти денеска шефот на ЦДУ Фридрих Мерц.

– Во моментов не размислуваме за зголемување на санкциите во однос на снабдувањето со енергија од Русија, рече Мерц по состанокот на раководството на партијата во Сент Ингберт во западната германска покраина Сар, пренесува агенцијата ДПА.

Дискусијата во партијата, која со децении доминира во германската политика, но моментално е во опозиција, продолжува, рече Мерц. – Ако оваа војна продолжи, ако продолжат бруталностите извршени врз цивилното население, ние сме отворени за идејата да се искористи и ова средство, рече тој.

ЦДУ, исто така, е против прекинување на културните врски со Русија, со едногласност меѓу лидерите на ЦДУ дека не треба да се палат сите мостови, рече Мерц. – Сакаме да останеме во контакт со оние од културната област кои сакаат да продолжат со нас секаде каде што е можно, рече тој.

– Русија не е наш непријател. Таму има деспотска влада, криминален режим кој сега ја води оваа војна на агресија, рече тој, нагласувајќи дека ЦДУ прави разлика меѓу владата и населението.

Одразувајќи ја широко распространетата загриженост за зголемувањето на цените на енергијата, раководството на ЦДУ усвои едногласна резолуција со која ја повикува коалицијата на левиот центар да ги следи цените на енергијата во Германија и дополнително да го олесни товарот на населението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски