Германија испраќа војници и опрема за борбената група на НАТО во Литванија

Од:

Германската војска почна да ја зајакнува борбената група на НАТО во Литванија, откако стравувањата од војна со Русија се зголемуваат среде украинската криза, јави ДПА.

Првите камиони со залихи за дополнителните војници утринава тргнаа од Мунстер, во Долна Саксонија, јави ДПА.

Шест самоодни хаубици качени на тешки камиони, исто така, во текот на денот треба да заминат за Литванија.

Германија испраќа околу 350 дополнителни војници со околу 100 возила во борбената единица на НАТО во Литванија, што е под нејзина команда.

Воздухопловните сили Луфтвафе веќе ги донесоа првите војници на Бундесверот во Каунас, во јужна централна Литванија.

Главниот фокус е на зајакнувањето на борбената група со артилериските самоодни хаубици. Зајакнувањата, меѓу другото, се состојат и од извидување, нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана (НБЦ), од воена полиција и медицински сили, наведува германското Министерство за одбрана.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски