Г20 со повеќе од 20 милијарди американски долари во борба против пандемијата

Од:

Групата 20 најразвиени земји во светот издвои повеќе од 21 милијарди долари за борба против коронавирусот, соопшти Г20.

– Г20 ги координираше глобалните напори за поддршка на борбата против пандемијата на Ковид-19. До денеска, членките на Г-20 и поканетите земји издвоија повеќе од 21 милијарди американски долари за поддршка на финансирањето на светското здравје, се вели во соопштението.

Се додава дека средствата ќе бидат насочени за дијагностика, вакцини, терапија и истражување и развој.

Г20 во април ги повика сите земји, невладини организации, филантропи и приватниот сектор да помогнат во покривањето на недостигот на пари за финансирање на борбата против коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Ердоган до лидерите на Г20: Исполнете ги барањата на Русија

Предраг Петровиќ

Групата Г20 и даде на Африканската унија ист статус како и на Европската унија

Блинкен: Не планирам да се сретнам со руски и кинески министри на самитот на Г-20

Ана Ололовска

Индија и Кина прават притисок на Г20 во соопштението за Украина да го нема зборот војна

Земјите од Г20 усвоија конечна декларација во која се критикува војната во Украина

Лавров: Западот се обидува да ја политизира декларацијата на Г20

А1он