Француско МНР: Неосновани се руските обвинувања кон Велика Британија за нападите врз „Северен тек 1 и 2“ и во Црно Море

Од:

Неосновани се руските обвинувања кон Велика Британија за тоа дека учествувала во нападите врз гасоводите „Северен тек 1 и 2“ и бродовите на руската морнарица на Крим, соопшти денеска француското Министерство за надворешни работи.

Обвинувањата се дел од стратегијата на Москва „да го оттргне вниманието од нејзината единствена одговорност во агресивната војна што ја води против Украина“, се наведува во соопштението на заменик портпаролот на Министерството.

Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека миноловец на руската Црноморска флота е оштетен во Севастопол, на полуостровот Крим, за време на напади со беспилотни летала. Според министерството, нападите биле извршени од Украина под водство на британски експерти.

Министерството тврди дека Лондон е одговорен и за нападите на гасоводите „Северен тек 1 и 2“ во Балтичкото Море во септември.

Тие своите тврдења не ги поткрепија со никакви докази.

Велика Британија вчера ги отфрли руските обвинувања, соопштувајќи дека тоа се „лажни тврдења од епски размери“.

-За да го намали своето катастрофално однесување на илегалната инвазија врз Украина, руското Министерство за одбрана прибегнува кон ширење лажни тврдења од епски размери, изјави портпаролот на британското Министерство за одбрана.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани