Француските власти водат истраги за 400 мрежи за лажни сертификати

Од:

Франција почна 400 истраги за мрежи што обезбедуваат лажни сертификати за коронавирус, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дармамен, во време кога се зголемува хоспитализацијата на пациенти со Ковид-19 во државата.

dobivaj vesti na viber

Во изминатите денови вниманието на француските медиуми го привлече случајот со жена заболена од вирусот, која почина во регионалната болница во Париз, откако презентираше лажен сертификат за вакцинација.

Шефот на одделението за интензивна нега во болницата рече дека доколку се знаело дека жената не е вакцинирана, веднаш ќе и дале третман со антитела.

– Властите идентификуваа неколку илјади фалсификувани сертификати што се користат низ цела Франција, изјави министерот Дармамен за ЕРТел.

Тој рече дека имало околу 400 истраги за трговија со лажни сертификати, меѓу кои и некои кои вклучуваат здравствени работници.

Француската влада ги заострува правилата за здравствените пасоши. Тие се задолжителни за посета на сите ресторани, како и за се поголем број настани и локации. За да добие здравствено уверение, лицето мора да докаже дека е целосно вакцинирано, да има тест негативен во последните 24 часа или неодамна да прележал Ковид-19.

Владата ги затвори ноќните клубови и ги заостри мерките за социјално растојание, но се обидува да избегне уште едно заклучување.

Министерот за здравство Оливие Веран изјави за весникот „Паризиен“ дека 90 отсто од луѓето на возраст над 65 години веќе примиле дополнителна (трета) доза од вакцината.

Би можело да ве интересира

Европската комисија засега не планира укинување на Ковид сертификатите

Франција ги олеснува ограничувањата, маската повеќе не е задолжителна насекаде

Речиси 100 приведени на забранетиот протест на „Конвојот на слободата“ во Париз

ВИДЕО: Сопственик на ресторан во плач по казната од 7000 евра за гости со лажни ковид сертификати

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Дел од конвојот демонстранти против вакцинацијата влезе во центарот на Париз, полицијата реагираше со солзавец

ВИДЕО: Неиздавање фискални, лица без сертификати, работа без документи- затворени четири угостителски објекти во Тетово

Катерина Павлова-Николовска