Европската комисија засега не планира укинување на Ковид сертификатите

Од:

Од Европската Комисија денеска порачаа дека е прерано да се укинат Ковид сертификатите иако тие сѐ помалку се користат во земјите членки на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова денеска го изјави портпаролот на ЕК, Кристијан Виганд, на редовниот брифинг за новинари во Комисијата.

Законскиот предлог за Ковид сертификатите, со кои се патува во ЕУ и уште шеесетина земји приклучени кон системот, е продолжен веќе два пати, сега до крајот на јуни. Виганд рече дека ќе се предложи уште едно пролонгирање после тоа.

-Затоа што не знаеме каква ќе биде епидемиолошката состојба наесен, нови соеви може да се појават, добро е да останеме подготвени, а некои земји сѐ уште го користат сертификатот на национално ниво, додаде портпаролот.

Европската Комисија со задоволство ќе предложи негово укинување кога веќе нема да има потреба од овој сертификат, но засега тоа не е случај. Виганд додаде дека сертификатите овозможија да се патува безбедно во ЕУ од почетокот на епидемијата, но дека целта на овој документ не е да биде предуслов за патување.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МЕП: Европската Комисија денеска официјално ја одобри Реформската Агенда на Македонија

Горан Наумовски

Проширувањето на ЕУ останува клучен приоритет на ЕК и Фон дер Лајен, вели Подеста

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до договорот за промена на името

A1on

ЕК обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за земјава

Горан Наумовски

Европската Комисија подготвува нов пакет санкции против Русија

Горан Наумовски

ЕУ ќе и дава на Украина три милијарди евра профит годишно од замрзнатите руски фондови

Горан Наумовски