Франција се откажа од Мерк, ќе го набавува лекот на Фајзер

Од:

Франција ја откажа нарачката за антивирусното лекарство на Мерк за коронавирусот, по разочарувачките податоци за неговата ефикасност.

dobivaj vesti na viber

Државата се надева дека наместо тоа ќе го добие конкурентниот лек на Фајзер пред крајот на јануари, изјави министерот за здравство Оливие Веран.

Франција беше првата земја што јавно објави дека ја откажала порачката за лекот на Мерк, откако компанијата објави податоци кон крајот на ноември, кои покажуваат дека нејзиниот лек ги намалил хоспитализирањата и смртните случаи кај лица со висок ризик за само околу 30 проценти.

Портпаролот на фармацевтскиот производител изјави дека планираното купување не се случило откако француските здравствени власти одбиле да ја дозволат употребата на таблетите на почетокот на овој месец.

Би можело да ве интересира

Фајзер очекува годишен приход од 54 милијарди долари од вакцината и таблетите против Ковид-19

Ана Ололовска

Лекот против корона на Фајзер е неефикасен во спречување на ширењето на вирусот

Фајзер сака трета доза анти-ковид вакцина за деца од пет до 11 години во САД

А1он

Фајзер повлече лекови за висок крвен притисок затоа што содржеле соединенија кои предизвикуваат рак

„Фајзер“ испраќа четири милиони пакувања од својот лек против Ковид-19 во посиромашните земји

А1он

Франција ги олеснува ограничувањата, маската повеќе не е задолжителна насекаде