Франција и Германија го повикаа Иран да го ослободи британскиот танкер „што е можно поскоро“

Од:

По запленувањето на еден британски танкер од страна на Иран, Велика Британија побара од своите бродови „одреден период“ да останат „надвор од областа“ на Ормускиот Проток.

По ова барање, Германија и Франција го повикаа Иран „без одложување“ да го ослободи британскиот танкер, јави дописникот на МИА.

– Ние сме длабоко загрижени поради неприфатливите дејства на Иран, кои се јасен предизвик за меѓународната слобода на пловидба, а ние ги советувавме британските бродови привремен период да останат надвор од областа, изјави портпарол на британската Влада.

Од друга страна, француското Министерство за надворешни работи во своето соопштение ги повика иранските власти да го ослободат бродот и неговиот екипаж колку е можно поскоро и да ги почитуваат принципите на слободата на пловидба во Заливот.

Би можело да ве интересира

Жозеф Зимет назначен советник за односи со јавноста во Елисејската палата

Затворена интернет-страница за изработка на бомби

Меркел: ЕУ разгледува практични решенија за ирската граница

Бундесбанк: Државите од истокот на ЕУ намалуваат разлики во благосостојбата

Туск му одговори на Џонсон за бекстоп

Рине: ЕУ нема повторно да преговара со Велика Британија за Брегзит