Филипините ќе побараат побрзо решавање на нивната тужба против Кина во ОН

Од:

Филипинската Влада ќе побара меѓународниот суд за поморско право при Обединетите Нации да го забрза решавањето на филипинската тужба против Кина, поднесена поради споровите меѓу двете држави околу сувереноста на територијата на Јужното Кинеско Море.

Во тужбата, поднесена во април годинава, Филипините бараат меѓународниот суд да ги прогласи за нелегални кинеските тврдења за сувереност над речиси целата територија на спорното море и да и наложи на Кина да го почитува меѓународното право.

Формалното барање за забрзување на процесот ќе биде поднесено деновиве, а филипинскиот министер за надворешни работи Алберт дел Росарио рече дека очекува судот да донесе одлука до крајот на оваа или на почетокот на 2015 година.

Од друга страна, Кина официјално соопшти дека поднесената тужба од страна на Филипините ја смета за непостоечка и дека нема намера, во овој случај да се појавува пред меѓународниот суд на ОН.

Филипинскиот министер Росарио смета дека одбивањето на Пекинг да биде формална страна во спорот ќе овозможи судот побрзо да решава, не коментирајќи го податокот дека Кина не е заинтересирана за судбината на филипинската тужба.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он