Феминистичките здруженија обвинуваат за полициско насилство за 8 Март во Париз

Од:

Илјадници лица синоќа учествуваа на ноќниот марш за „народниот антирасистички феминизам“ во Париз, на повик на повеќе феминистички здруженија. Силите на редот употребија сила и се обидоа да ја растурат манифестацијата со употреба на солзавец, јави дописникот на МИА.

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, рече дека е „шокиран“ од „неприфатливото и неразбирливото насилство“ и им изрази поддршка на учесниците на манифестацијата.

Феминистките беа удирани од полицијата додека тие демонстрираа, особено против сексуалното насилство. Полицијата уапсила девет лица и употребата на насилството го оправдува со оштетувања и обиди за тргнување на недозволени поворки, а околу 200 учеснички на манифестацијата скандирале антиполициски пароли.

Во текот на денешниов ден во Париз и повеќе француски градови се одржаа демонстрации во чест на меѓународниот ден на жената.

Четириесетина активисти од феминистичкото движење „Фемен“ денеска, симболично сакаа да ги „исчистат улиците на Париз од патријархалниот вирус“ за време на акцијата на плоштадот Конкорд во позадината на коронавирус.

Со голи гради, покриени со пароли, во комбинезони, очила и нараквици алудирајќи на здравствените работници соочени со новиот коронавирус, со плакати и факели в рака, тие ја осудија „патријархалната пандемија“ што е на сила според нив во светот. Статистиката покажува дека секои седум минути една жена е силувана, а секои 48 часа една жена е убиена во Франција.

Би можело да ве интересира

Хаос на протестите во Франција: Демонстрант и полицаец во критична состојба, повеќе од 30 лица се повредени

(ВИДЕО) Протести за климата во Германија, активисти ги блокираа мостовите во Хамбург

Повеќе од 440 повредени полицајци и десетици демонстранти – билансот на немирите низ Франција

Нови судири меѓу полицијата и демонстрантите во Париз поради пензиската реформа на Макрон

Горан Наумовски

10.000 тони ѓубре на улиците на Париз

МОН префрли пари, но студентите не се откажуваат од протестот: „Не може пари за оброк да добиваме на крајот од месецот“

Орце Костов