ФБИ: Исламска држава е поголема закана од Ал Каеда за САД

Од:

Напорите на радикалната група Исламска држава да поттикнува Американци со проблеми да се свртат кон насилство прерасна во поголема терористичка закана за САД од надворешните напади на Ал Каеда, изјави директорот на ФБИ Џејмс Коми.

Исламска држава влијаела на значителен, но непознат број Американци, преку кампања што со години ја води на социјалните мрежи, повикувајќи ги муслиманите кои не можат да патуваат до Блискиот Исток да убиваат, каде и да се, истакна Коми на конференција за безбедноста во американската сојузна држава Колорадо.

Членови на „Твитер“ поврзани со групата ИД, имаат над 21.000 следбеници што зборуваат англиски јазик низ целиот свет, илјадници од кои може да се американски граѓани.

Директорот на ФБИ соопшти дека во изминатите осум недели агенцијата уапсила значителен број радикализирани граѓани, без да објави точен број. Тој истакна дека некои од уапсените планирале напади, поврзани со националниот празник Денот на независноста.

Би можело да ве интересира

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) ФБИ почна истрага: Моден магнат со години силувал млади мажи и им ветувал кариера

Трамп ги предупреди Американците: Внимавајте, ФБИ ви испраќа тајни шпиони

ФБИ го истражува градоначалникот на Њујорк, запленети се неговите телефони

ФБИ: Нападот на Хамас може да послужи како инспирација за терористички закани во САД

ФБИ уби маж кој му се закануваше на Бајден

Горан Наумовски