ФБИ: Нападот на Хамас може да послужи како инспирација за терористички закани во САД

Од:

Директорот на ФБИ, Кристофер Реј, предупреди денес дека нападот на Хамас може да послужи како инспирација за терористички закани во САД.

„Дејствата на Хамас и неговите сојузници ќе служат како инспирација каква што не ја видовме откако ИСИС го лансираше неговиот таканаречен Калифат пред неколку години“, рече Реј.

Тој додаде дека од почетокот на израелско-палестинскиот конфликт во Газа на почетокот од овој месец, неколку странски терористички организации повикале на напади врз Американците и Западот, што значително го зголемил ризикот од насилни екстремисти во САД.

Би можело да ве интересира

Газа: Бебе е спасено од стомакот на трудница убиена во израелски напад

САД ја критикуваа позицијата на МСП за израелската окупација на палестинските територии

Израел уби десетици Палестинци, меѓу нив еден локален новинар, неговата сопруга и децата

Израелската армија објави дека убила голем број членови на Хамас во Рафах

Најмалку 13 Палестинци загинаа, а 26 се ранети во израелско бомбардирање на Кан Јунис

ФБИ доби дојава: Можна одмазда за обидот за атентат врз Трамп