Трамп ги предупреди Американците: Внимавајте, ФБИ ви испраќа тајни шпиони

Од:

Доналд Трамп ги предупреди Американците за „тајните шпиони“ кои според него ги испраќа ФБИ да ги прогонуваат христијаните.

Поранешниот претседател објави видео на својот профил „Truth Social“ со натпис „Стоп за прогонот на христијаните!“.

Во неговата објава на социјалната мрежа се наведува дека ФБИ и Министерството за правда (DOJ) усвоиле антихристијанска мерка и испраќаат агенти во црквите како дел од наводниот „заговор“.

„Под корумпираниот Џо Бајден, христијаните и верните Американци се прогонувани како што оваа нација не видела досега“, рече Трамп во видеото.

„Католиците се особено мета, а евангелистите секако се на списокот за следење. Во текот на изминатите три години, администрацијата на Бајден испрати SWAT тимови да апсат активисти кои се залагаат за живот. ФБИ беше фатено како ги профилира побожните католици како можни домашни терористи и планира да испрати тајни шпиони во католичките цркви, исто како во старите денови на Советскиот Сојуз“, изјави Трамп.

Коментарите на Трамп се однесуваат на објавен документ на ФБИ претходно оваа година, кој покажува дека канцеларијата на бирото во Ричмонд, Вирџинија, ги предупредила агентите за екстремистичката закана од „радикалните традиционалистички католици“ (РТЦ), за кои ФБИ рече дека се мало малцинство во Католичката црква.

Меморандумот, во кој се вели дека ФБИ констатира „сè поголемо преклопување“ меѓу националистичкото движење и РТЦ, предизвика бес кај републиканците кои ја обвинија федералната влада за верски прогон.

Бирото го отстрани белешката од својот систем набргу откако беше објавено во февруари дека документот постои, велејќи дека не ги исполнува „построгите стандарди на ФБИ“.

„Католици, не можете да гласате за демократите. Не смеете ни да помислите да гласате за Бајден. Тоа што ви го прават е шокантно“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Трамп му посака добредојде на Нетанјаху и рече дека секогаш имал добри односи со него

Трамп: Го победив Бајден пред три дена, сега на ред е лажливата Камала Харис

Директорот на ФБИ откри нови детали за нападот врз Доналд Трамп

Директорката на Тајната служба поднесе оставка поради атентатот на Доналд Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Камала Харис обезбеди доволен број делегатски гласови за номинација и над 80 милиони долари за само 24 часа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Путин во боите на виножитото, Бајден во инвалидска количка, Трамп во затворски комбинезон – Вештачката интелигенција и светските лидери на модната писта