Европска комисија: Над два милиони бегалци од Сирија

Од:

Еврокомесарката за хуманитарна помош помош и одговор на кризи, Кристалина Георгиева, денеска ги објави најновите податоци за бројот на бегалци од Сирија, соопштувајќи дека над два милиони лица од оваа земја пребегнале од воениот виор во соседните земји, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Според Георгиева, која го пренесе ставот на Европската комисија, речиси половината од ужасниот број на бегалци од Сирија се деца.

– Бројката се зголеми двојно од 16 март 2013 година и сега стигна до овие трагични два милиони лица-бегалци. Обидувајќи се да визуелизирам што сето ова значи, ќе кажам дека таа бројка е четирипати повеќе од бројот на граѓаните на Манчестер или Лион, или нешто повеќе од жителите на Варшава, посочи еврокомесарката за хуманитарна помош и одговор на кризи.

Според Георгиева, се посвирепото, брутално и нехумано насилство во Сирија прави бројот на бегалци секојдневно да расте, посебно што во воениот виор во оваа земја цел се и цивилите.

– Уште еднаш повикувам борбите да престанат и под итно да се најде политичко решение за кризата во оваа земја. Ги замолувам сите инволвирани страни во судирите во Сирија да се придржуваат до Меѓународното хуманитарно право за заштита на цивилите и оние кои помагаат да преживеат, порача еврокомесарката Георгиева.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град