Еврокомeсарoт за енергетика не го исклучува „најлошото можно сценарио“ за енергетската безбедност во Европа

Од:

Еврокомесарот за енергетика Гинтер Јотингер не ја исклучува можноста од „најлошо можно сценарио“ за енергетската безбедност во Европа заради активностите на Москва во Украина, пренесоа британските медиуми.

На настан, организиран од германската енергетска компанија РВЕ во Брисел, Јотингер изјави дека до пред извесно време не мислел дека рускиот претседател Владимир Путин „ќе користи лажни информации и оружје“.

-Затоа веќе не го исклучувам најлошото можно сценарио, посочи еврокомесарот.

Гинтер Јотингер посредува во преговорите меѓу Русија и Украина за цената на гасот.

На настанот во Брисел тој посочи уште дека стравува дека напредувањето на проруските сепаратисти кон пристанишниот град Мариупол во Украина ќе создаде коридор до Крим.

-Во тој случај Украина ќе биде отсечена од пристапот до Црно Море, предупреди Јотингер.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Загриженост во Киев: Русија најде решение за моќното оружје на Украина

Горан Наумовски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ