Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Од:

120 планинари кои беа заглавени во долината Крма во Националниот парк Триглав во Словенија, беа успешно евакуирани.

Поради невремето што во средата попладне ја зафати Словенија, тие останаа заглавени во долината, каде поради непроодни патишта ноќта ја минаа во Ковинарската колиба, додека планинската спасувачка служба ги снабдуваше со храна и лекови.

Меѓу заглавените планинари имало и 35 слепи и слабовидни лица, како и странски државјани. Утрото по копнен пат биле префрлени во населени места, додека две лица со хеликоптер биле префрлени во здравствена установа.

Би можело да ве интересира

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско

Две мртви лица се пронајдени во близина на Триглав

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

A1on

Спасени четворица кои залутале на Кожув

(ВИДЕО) Германска планинарка загина во Црна Гора: Војската и го извлекла телото од 2.400 метри височина

А1он