Европската унија повика денеска на смиреност и воздржаност во Хонгконг, каде полицаец рани демонстрант за време на судири при протести.
„ЕУ продолжува да потенцира дека дијалогот, смирување на тензиите и воздржаноста се единствените начини да се оди напред“, изјави портпарол на Европската комисија на редовна прес-конференција.
Полициски службеник во Хонгконг пукаше од огнено оружје и рани демонстрант денеска за време на нови судири на протестите, соопштија извори блиски до полицијата.
„Полициски службеник пукаше од огнено оружје откако беше нападнат и еден демонстрант беше застрелан во градите“, велат изворите, додавајќи дека повредениот човек бил хоспитализиран.
Полицијата претходно употреби солзавец за да ги растера демонстрантите на продемократските протести во Хонгконг.