Ердоган повикува на примирје во Идлиб, Путин и Рохани против

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска повика на примирје и запирање на воздушните напади во сириската покраина Идлиб. Претседателите на Русија и Иран, Владимир Путин и Хасан Рохани не го поддржаа предлогот.

Тројцата лидери, чии земји се инволвирани во долгогодишната војна во Сирија, се сретнаа денеска во Техеран за да разговараат за судбината на последниот бастион на бунтовниците Идлиб, во моменти на се позасилени тврдења дека официјален Дамаск подготвува завршна офанзива.

Ердоган оцени дека договорот за примирје би претставувал победа, но Путин истакна дека се противи на прекин на огнот во Идлиб затоа што таму се лоцирани екстремисти од Нусра Фронт и т.н. Исламска држава, кои не се дел од мировните преговори.

Тој предупреди дека екстремистите во Идлиб планираат „провокации“, а можна е дури и употреба на хемиско оружје.

Рускиот претседател оцени дека сириската Влада треба да ја врати контролата над земјата.

Рохани, од своја страна, истакна дека американската интервенција во Сирија мора веднаш да биде запрена.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија