Ердоган ќе се сретне со Путин

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ќе престојува во еднодневна посета на Москва за време на која ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, јави ТАСС.

Според турски претставници, двајцата претседатели ќе разговараат за гасоводот „Турски поток“, сириската криза, нападите на терористичката групација Исламска држава и ситуацијата во Украина.

Главното внимание во разговорите се очекува да се насочи кон проблемите околу проектот за гасоводот „Турски поток„, кој Путин и го предложи на Турција наместо спорниот „Јужен поток“.

Планирано беше „Турски поток“ да биде отворен кон крајот на 2016 година. Неодамна Турција сепак објави дека ќе го замрзне проектот, обвинувајќи ја затоа руската страна.

Москва, пак, објави дека очекува проблемот да биде решен со новата турска влада, која ќе биде избрана по предвремените избори на 1 ноември.

Ердоган во Москва ќе присустува на церемонијата на отварање на реконструираната Соборна џамија во Москва, во пресрет на празникот Курбан бајрам.

Би можело да ве интересира

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Истражување: 89 отсто од Русите би поддржале криминализација на семејното насилство

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Руските сили соборија 25 украински беспилотни летала во текот на ноќта

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините