ЕП: Земјите од ЕУ продолжуваат да ги кршат правата на Ромите

Основните права на Ромите и понатаму систематски се прекршуваат во ЕУ. Има сериозни проблеми со пристап до образование, домување, до пазарот на труд и здравствена заштита. Ромите треба да бидат подобро претставени во медиумите, државните институции и политичките органи, инсистираат од Европскиот парламент.

Во одговор на тековните прекршувања на основните права на Ромите, Парламентот бара посилни мерки за борба против антиромското расположение во ЕУ.

Антиромските расположенија се институционализарана и вкоренета форма на расизам во досегашната историја, која се изразува во „насилство, говор на омраза, експлоатација, стигматизация и дискриминација“, посочуваат европратениците до денешната декларација.

Во текстот се нагласува особено тешката состојба на младите Роми, меѓу кои се зголемува бројот на оние кои не се трудово опфатени, не учат или не се обучуваат.

Исто така, се бара и повеќе правична застапеност на Ромите во сите сфери, вклучувајќи ги медиумите, државните институции и политичките органи.

Структурните фондови на ЕУ треба да се користат за подобрување на животните услови и идните способности на Ромите, истакнуваат пратениците. Тие повикуваат земјите членки да ги проучат сегашните и минатите злоупотреби со соодветните фондови и да преземат правни дејства против прекршителите.

Би можело да ве интересира

Барние: Очекуваме конструктивна соработка со Борис Џонсон

Ана Ололовска

Сузане Шутц: Меркел е посветена на европскиот пат на Албанија и Северна Македонија

Ана Ололовска

Анкета: Тереза Меј е слаб премиер, сметаат половина од Британците

Мицотакис: Однесувањето и соработката на соседите ќе го оценат нивниот пат кон ЕУ

Мадуро: ЕУ уценува со нови санкции

Меркел: Британија ќе остане партнер дури и кога нема да биде во ЕУ

Ана Ололовска