Премногу е рано да се повикува на втора засилена доза вакцина против Ковид-19, нагласија од ЕМА и покрај брзиот скок на нови инфекции предизвикани од сојот Омикрон.
Говорејќи на двонеделната прес-конференција на Европската агенција за лекови, раководителот на стратегијата за вакцини на ЕМА додаде дека укинувањето на правилата за коронавирус во многу земји можеби имало улога во сегашниот пораст на случаите.
– Забележуваме дека стапките на инфекција повторно се зголемуваат во некои земји-членки по постојаното намалување на кое бевме сведоци во изминатите неколку недели, изјави Марко Кавалери.
Агенцијата со седиште во Амстердам „продолжува да ја следи ефективноста на вакцините за Ковид-19 против варијантата Омикрон“, рече Кавалери.
Но, „Сакам да повторам дека се уште нема доволно докази… кои ја поддржуваат препораката за втор засилувач кај општата популација“, рече тој.
Светската здравствена организација вчера изрази тревога за зголемените инфекции со Ковид-19 на глобално ниво, и покрај падот на нивоата на тестирање.
Извор: МИА