ЕМА: Не знаеме какви соеви на Ковид-19 ќе се појават зимава

Од:

Марко Кавалери, задолжен за вакциналната стратегија во ЕМА, денеска порача дека е важно луѓето да продолжат да се вакцинираат против ковид во пресрет на зимата, јави дописничката на МИА од Брисел.

Засега ситуацијата со Ковид-19 во Европа е стабилна, а сојот омикрон БА5 сѐ уште е најзастапен кај заразените, информираше Европската агенција за лекови, ЕМА.

Иако трендот на инфекции се намалува во сите земји на ЕУ, болеста сѐ уште е присутна.

-ЕМА врши мониторинг за подобро да го разбереме бранот, екстремно тешко е да се прават предвидувања, вирусот продолжува да мутира многу брзо, мора да ги следиме новите мутации, рече Марко Кавалери од ЕМА, истакнувајќи дека од многу блиску се следи новиот сој што се појави во Индија, БА75.

ЕМА уште еднаш повика да се продолжи со вакцинација и ревакцинација на населението, приоритетно за најранливите категории на граѓани, како постарите луѓе, имунокомпромитираните, лицата со коморбидитети и бремените жени, како и дека сите треба да ги следат препораките на нивните национални власти во однос на вакцинацијата.

Во овој контекст, ЕМА ги следи и трендовите на новите апдејтирани вакцини против Ковид-19, неодамна одобрени во ЕУ. Ефикасноста, велат од Агенцијата, е убедлива, но сѐ уште се потребни докази во реалниот свет за да се знае која вакцина е најефикасна за кого.

Апдејтираните вакцини кои го инкорпорираат сојот омикрон даваат силен имунолошки одговор, а во некои случаи се поефикасни од првичните вакцини.

За лицата кои сѐ уште не се воопшто вакцинирани, најверојатно во ЕУ ќе се добие една од првичните вакцините, а за бустер дозата можно е да се добие апдејтирана, сепак тоа останува одлука на националните здравствени власти, рече Кавалиери.

-Не исклучуваме да се појават нови соеви блиски до БА5, или комплетно нов сој, не можеме да предвидиме, важно е да се имаат апдејтираните вакцини, за земјите членки да имаат повеќебројни опции кога ги кројат нивните вакцинални стратегии, рече Марко Кавалиери.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски