ЕМА: Да не се чека повеќе од 42 дена меѓу двете дози од вакцината на Фајзер

Од:

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека треба да се почитува временскиот интервал од максимум 42 дена помеѓу првата и втората доза на вакцината против коронавирусот на произведувачите „Фајзер“ и „Бионтек“, со цел заштитата да биде целосна.

Агенцијата наведува дека доказите за ефикасноста на вакцината се темелат на студија, во која вакцината се давала во интервали од 19 до 42 дена и посочува дека целосна заштита се јавува само седум дена по давањето на втората доза.

„Секоја промена на ова би барала варијација на одобрението за ставање во промет, како и повеќе клинички податоци за поддршка на таквата промена, во спротивно тоа би се сметало за „неодобрена употреба“, соопшти ЕМА.

Ознаката „неодобрена употреба“ повлекува помалку одговорност за производителите на вакцини.

Бионтек и Фајзер претходно денеска предупредија дека немаат докази дека нивната вакцина ќе продолжи да штити од коронавирусот ако се даде втора доза подоцна од тестираното време на испитувањето.

Двете компании истакнаа дека првата и втората доза се даваат во интервал од три недели.

Претходно денеска, германското Министерство за здравство побара совет дали може да се одложи втората доза на вакцина против коронавирусот на компаниите Фајзер и Бионтек, со цел што е можно повеќе луѓе да ја примат првата доза, а досега вакцинирани се 239.000 граѓани.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа

„Фајзер“ очекува 34 милијарди долари приходи од вакцините, планира зголемување на цените во САД