Државниот обвинител на Ел Салвадор, Даглас Менделез објави дека поранешниот претседател на таа централноамериканска држава, Елијас Антонио Сака, украл 246 милиони долари државни пари. Сака и шест други лица беа уапсени минатиот викенд .
– Вкупен износ од 246 милиони долари е проневерен и префрлен на сметки на поединци и во корист на обвинетите, изјави Менделез на прес конференција.
Неколку компании поврзани со роднина на Сака се под истрага со судски налози.
Сака (51) и шест други осомничени лица меѓу кои и тројца актуелни од владата на Ел Салвадор, беа уапсени во викендот под обвинение за проневера и перење пари.