Експлозија во Кабул, се стравува дека има голем број повредени

Од:

Во главниот град на Авганистан, Кабул денеска се случи експлозија, и се стравува дека има голем број повредени, јавува Радио Слободна Европа.

Експлозијата се случила во прометна улица во западниот дел на Кабул, каде што редовно се среќаваат членовите на шиитската муслиманска заедница.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како возила на Итна помош брзаат на местото на настанот.

Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.

Вчера најмалку осум лица загинаа, а 18 се повредени во експлозија во шиитски станбен кварт во Кабул. Одговорноста за тој напад ја презеде терористичката Исламска држава.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Исламска држава ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Кабул

Повеќе од 20 луѓе загинаа во самоубиствен бомбашки напад во Кабул

А1он

Експлозија на воениот аеродром во Кабул – има загинати

Напад во хотел во Кабул популарен кај Кинезите, Талибанците ги убија напаѓачите

А1он

Нападната е пакистанската амбасада во Кабул, има повредени

Најмалку четворица мртви во експлозија во џамија во Кабул