Ексцентричниот изумител призна дека го „исекол“ телото на новинарката Ким Вал

Од:

Ексцентричниот дански изумител Петер Мадсон призна дека го „исекол“ телото на новинарката Ким Вал, но и понатаму негира дека ја убил.

Сопственикот на подморници, пронаоѓачот и инвеститор, е обвинет за убиството на познатата шведска новинарка, чие искасапено тело е пронајдено во море, откако за последен пат е видена како заминува на подморница на Мадсон поради интервју.

Мадсон наведе дека и ја отсекол главата и екстремитетите од телото на Вал, откако таа умрела од труење од јаглероден-моноксид, додека тој се наоѓал во другиот дел на подморницата.

Данските медиуми јавија дека, за торзото бил прицврстен „тежок метален предмет“, со цел да го држи на дното на морето.

Мадосн претходно имаше изјавено дека „жива и здрава“ ја испратил Вал од својата подморница, а потоа наведе дека „се случило несреќа во која новинарката настрадала, а подморницата потонала“.

Тој истакна дека ја „погребал во морето“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло