Џонсон и Џонсон заостанува во производството на вакцината

Од:

Американската фармацевтска компанија „Џонсон и Џонсон“ се соочува со неочекувани одложувања во производството на својата вакцина против коронавирусот и можеби нема да може да го испорача бројот на дози што и ги вети на федералната влада до пролетта, објави денеска Њујорк тајмс.

На американските федерални власти им беше кажано дека „Џонсон и Џонсон“ заостанува два месеца од првичниот распоред на производство и дека нема да стигне до крајот на април, кога треба да испорача повеќе од 60 милиони дози, пишува американскиот весник.

Претходно оваа недела, извршниот директор изјави дека компанијата е на пат да произведе до милијарда вакцини против Ковид-19 до крајот на 2021 година.

Би можело да ве интересира

Дали потеклото на вакцината ќе влијае на патувањето на граѓаните

Ландов

Во Албанија вакцинација на здравствените работници од ковид центрите

Матичните доктори кои не можеа да дискутираат за лекот Ивермектин, ќе гледаат снимка

Индија почна со вакцинација на 300 милиони луѓе

ВИДЕО: Милион дози од кинеската вакцина „Синофарм“ пристигнаа во Србија

Бајден вети 100 милиони вакцинирани Американци во првите 100 дена од мандатот

Катерина Павлова-Николовска