„Џонсон и Џонсон“ оваа година очекува до 3,5 милијарди долари заработка од продажба на вакцини

Од:

Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ денеска соопшти дека оваа година очекува 3,5 милијарди долари приход од вакцината против Ковид-19, благодарение на ублажените проблеми во снабдувачкиот синџир и зголемената побарувачка.

Поради доцнење во испораките и нерамномерната побарувачка, приходот на „Џонсон и Џонсон“ од вакцината против коронавирусот минатата година изнесуваше 2,39 милијарди долари, што е повеќе од планираните 2,5 милијарди долари.

Вкупните приходи на компанијата се зголемија за 13,6 отсто минатата година, достигнувајќи 93,8 милијарди долари. Со исклучок на продажбата и купувањето на имот, приходот е зголемен за 12,8 отсто.

Нето добивката се зголеми за 42 отсто во 2021 година на 20,9 милијарди долари.

Уделот на вакцината во вкупниот приход се очекува да биде мал, бидејќи „Џонсон и Џонсон“ ја продава по цена што не гарантира огромна заработувачка.

Конкурентот „Фајзер“ процени дека вакцината му донесе 37 милијарди долари приход минатата година.

„Џонсон и Џонсон“ моментно работи на одвојување на Одделот за здравје на потрошувачите и планира да се фокусира на бизнис со медицински уреди и фармацевтски производи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски