Двајца припадници на Хамас загинаа во воздушни напади на Појасот Газа од страна на израелската армија

Од:

При израелски воздушни напади во централниот дел на Појасот Газа денеска загинаа двајца припадници на Хамас. При нападот биле повредени уште 25 други лица, од кои 6 деца.

Воздушните напади на израелската армија врз цели во Појасот Газа следуват по трите истрелани ракети од таму кон територијата на Израел, по одлуката на Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

Израелската армија наведува дека цел на воздушните напади биле четири објекти на Хамас, кои биле користени како магацини и погони за производство на оружје.

Вчера израелски авиони бомбардираа и камп за обука и складиште за муниција на Хамас во Појасот Газа, каде што според палестински извори биле ранети најмалку 15 лица.

Во текот на вчерашниот ден беа убиени и двајца демонстранти откако израелските безбедносни сили отвориле оган врз групи Палестинци кои протестираа покрај границата со Израел.

По повод американската одлука, Палестинците вчера прогласија „Ден на гневот“, во чии рамки беа одржани протести во повеќе делови на Западниот Брег и во источен Ерусалим. При судири на демонстрантите со израелските безбедносни сили беа повредени најмалку 217 Палестинци.

Против одлуката на Трамп протести беа одржани во повеќе арапски и муслимански земји, а неколку стотици муслимани синоќа одржаа молитва и на плоштадот „Лафајет“ пред Белата куќа во Вашингтон, изразувајќи го на тој начин својот протест.

Главниот палестински преговарач Саеб Ерекат синоќа изјави дека Палестинците нема да разговараат со САД се додека американскиот претседател Трамп не ја промени својата одлука за Ерусалим.

Би можело да ве интересира

Палестина повторно испрати барање до Советот за безбедност за прием во ОН

Песков: Русија ја признава државата Палестина

Полска објави дека поддржува решение со две држави за Израел и Палестинците

САД, Франција, Германија и Австрија: Прерано е да се признае Палестина

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас