Драги од самитот на Г7: Наскоро повторно ќе биде можен извозот на житарици од Украина

Од:

Италијанскиот премиер Марио Драги денеска, на последниот ден од самитот на Г7 во германското место Елмау, изјави дека наскоро би може да биде обновен извозот на житарици од Украина, со што ќе се ублажи недостигот што првенствено ги погодува сиромашните земји.

Британските медиуми го пренесуваат Драги кој на крајот од самитот кажа дека не е неопходно подводните мини целосно да се исчистат од украинските пристаништа и дека има коридори кои потенцијално ќе овозможат навигација на товарните бродови.

-Зеленото светло на Кремљ беше потребно за да се продолжи со извозот, а тоа треба да се случи наскоро, рече Драги.

Тој додаде дека Европската комисија се согласила да ја забрза студијата за тоа како да се воведе ограничување на цената на увозот на руски гас, за што Италија се залага во последните месеци.

-Извештајот на ЕК ќе биде готов во септември, а важно е тој да има солидна основа, рече италијанскиот премиер.

Драги нагласи дека и покрај негативните ефекти од четиримесечната војна во Украина, вклучително и зголемувањето на трошоците за енергија, економијата на еврозоната забавува, но не се очекува рецесија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјите од Г7 размислуваат како да и помогнат на Украина со замрзнатите руски средства

Пекинг ги обвини земјите од Г7 дека соработуваат за да ја „клеветат и нападнат“ Кина

Горан Наумовски

Стигна реакцијата на Русија на „хистеричниот“ самит на Г7

ВИДЕО: Зеленски во Хирошима допатува со воен авион на француската влада

Медведев се закани дека ќе го раскине договорот за жито доколку Г7 го забрани извозот во Русија

Ана Ололовска

Г7 подготвува еден од најсилните удари за Русија досега

Катерина Ѓуровски