Десетици ракети полетаа од Иран кон Израел по нападот на САД

Од:

Израелската војска објави дека два брана ракети се испукани кон Израел од Иран по американскиот напад во текот на ноќта врз клучните центри на нуклеарната програма на Иран.

Сирените за воздушен напад се вклучија во Ерусалим и Тел Авив, а новинарите на АФП објавија дека слушнале гласни експлозии. Дописникот на Би-Би-Си од Ерусалим, Хуго Бачега, објави дека над градот се слушнале повеќе детонации како резултат на активирањето на израелската воздушна одбрана.

„Армијата неодамна идентификуваше ракети лансирани од Иран кон територијата на Државата Израел. Се активираат одбранбени системи за да се пресретне заканата“, објави ИДФ околу 6:30 часот наутро по средноевропско време.

Околу половина час подоцна, армијата објави втор бран ракети, пред тревогата да биде укината околу 7:10 часот. ИДФ ги повика граѓаните веднаш да се засолнат во заштитени подрачја и да останат таму до понатамошно известување.

Според израелските служби за итни случаи, најмалку 11 лица се повредени во нападите.

Нападите се случија неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни објекти – Фордо, Натанц и Исфахан – и ги нарече „исклучително успешни“.

Како одговор, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, рече дека Иран го задржува правото на сите форми на самоодбрана и предупреди дека „скандалозните“ американски напади ќе имаат „трајни последици“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Иран сака договор со САД, одлуката е на Вашингтон

Телеграф: Хутите се подготвуваат да го блокираат Баб ел Мандеб, Иран сака ситуација како во Хормуз

Иран: Нема да го почитуваме договорот со САД ако немаме корист од него

САД со остра порака до Иран: „Склучете договор или нема да ви остане ништо“

Иран ја ослободи Американката која беше држена во земјата од 2024 година

САД го бомбардираа градот Ахваз, ударните бранови сериозно ја оштетија Детската онколошка болница

Горан Наумовски