Демонстрантите најавија нова блокада на аеродромот во Хонгконг

Од:

Ситуацијата е смирена по синоќешниот краткотраен судир помеѓу полицијата и антивладините демонстранти на аеродромот во Хонгконг.

Најголемиот број на демонстранти замина од аеродромот, но тие за денеска најавија повторни протести. Тоа беше втор ден од блокадата на еден од најфреквентните аеродроми во светот.

Поранешната британска колонија Хонгконг со месеци е зафатена со протести, првично насочени против предлог-законот за екстрадиција и гонење во Кина, за да прерасне во барања за поголема демократија. Од почетокот на протестите во јуни, полицијата уапси повеќе од 600 луѓе.

Би можело да ве интересира

Се подаруваат 500.000 авионски карти

Статуата посветена на жртвите на плоштадот Тјенанмен е отстранета од Универзитетот во Хонгконг

Први парламентарни избори во Хонгконг

Хонкгонг: Одбележана годишнината од ланските судири со полицијата

Жарко Настоски

О’Брајан: САД ќе воведат санкции за Кина доколку го примени законот за Хонгконг

Ландов

Новогодишни протести во Хонгконг