„Дејли Експрес“: Кралицата Елизабета би можела да се повлече и Чарлс стане регент

Од:

Британската кралица Елизабета, која сега има 91 година, би можела да се повлече од јавните обврски што ги има како суверен, за да може нејзиниот најстар син, престолонаследникот Чарлс да стане принц-регент, пишува лондонски „Дејли Експрес“ повикувајќи се на извори блиски до кралската палата.

Тоа практично би значело дека кралицата би му ги префрлила на Чарлс сите свои овластувања, иако формално таа би останала и натаму кралица на Обединетото Кралство се додека е жива.

Кларенес Хауз, официјаната резиденација на принцот Чарлс, денеска одби да ги коментира тврдењата на весникот, чии извори тврделе дека во Бакингамската палата, официјалната кралска резиденацја, веќе се почнати подготовки за спроведување на процесот на транзиција.

Според „Дејли Експрес“, станува збор за процес, кој и формално би започнал доколку кралицата и натаму е на престолот откако ќе наполни 95 години. Тогаш, таа самата, ќе побара да се употребат одредбите од законот за регенство.

Вавата постапка се смета дека е многу помирна и би предизвикала помалку потреси во јавноста од абдикација на кралицата, поради нејзината поодмината возраст.

Изворите на кои се повикува овој лондонски весник инсистираат дека кралицата и натаму е „главна во семејството“ и затоа настојува целата постапка на транзиција да се изведе мирно, во интерес на државата и на нејзините жители.

Чарлс, кој е престолонаследник со најдолг стаж на претедент на престолот, веке полека презема некои од функциите што сега се уште се во рацета на неговата мајка, а минатиот месец тој ја придружуваше кралицата на традиционалниот говор пред членовите на двата дома на Парламентот, наместо татко му, 96-годишниот принц Филип, кој веќе се повлече од јавните обврски.

Кралицата Елизабета е на престолот од февруари 1952 година, по смртта на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, а за кралица е крунисана во јуни 1953 година.

Таа и сега и покрај возраста ги извршува сте кралски обврски и задолженија, а пред се прима високи странски државници и амбасадори и одржува средби со актуелниот британски премиер.

Последното испитување на јавното мислење покажа дека Британците не сакаат сопругата на Чарлс, војводката од Корнвол, Камила Паркер да ја има титулата кралица, кога тој би бил крунисан за крал.

Истата анкета открива и дека Британците повеќе би сакале, кралицата Елизабета да ја наследи принцот Вилијам, нејзиниот внук, но за тоа би требало, претходно, да абдицира татко му Чарлс, што таа не го дозволува.

Би можело да ве интересира

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче