Данската Влада ќе ја засилува контролата на границата со Шведска

Од:

Данската Влада размислува да ја засили контролата на границата со Шведска откако двајца Швеѓани минатата недела изведоа бомбашки напад врз владина агенција во Копенхаген, изјави денеска данската премиерка Мете Фредериксен.

-Ќе ја рзгледаме можноста да ја заштитиме нашата граница со Шведска на подобар и попаметен начин, изјави премиерката на прес конференција во Копенхаген, пренесуваат британските медиуми.

Претходно данската полиција соопшти дека уапсила 22-годишен Швеѓанец и распишала меѓународна потерница по друг 23-годишен Швеѓанец.

Сомневањата се дека двајцата стојат зад експлозијата пред канцеларијата на данската Даночна агенција во Копенхаген, што беше изведена минатата недела, а во која едно лице беше повредено.

Би можело да ве интересира

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност

Шведска го испраќа најголемиот пакет помош на Украина